САД ја признаа Анес за привремена претседателка на Боливија

САД ја признаа боливиската сенаторка Жанин Анес за привремена претседателка на оваа јужноамериканска држава, напиша на Твитер в.д. помошник секретарот на Бирото на американското Министерство за внатрешни работи Мајкл Козак.

„Вршителот на дожноста претседавач на Сенатот, Жанин Анес, ја презеде одговорноста на привремена уставна претседателка на Боливија“, рече Козак и додаде дека САД се радуваат на соработката со неа и другите цивилни власти, кои ќе организираат слободни и чесни избори што е можно побрзо, во согласност со боливискиот Устав, додаде тој.

Анес претходно се прогласи за привремена претседателка и кажа дека новите претседателски избори во Боливија ќе се оддржат што е можно поскоро, јави Тасс.

Претсдателските избори во оваа земја беа оддржани на 20 октомври на кои по првиот круг победа прогласи актуелниот претседател Ево Моралес. Неговиот конкурент Карлос Меса кажа дека не ја признава победата на Моралес, по што почнаа масовни протести, што завршија со насилства низ цела земја.