САД бараат повеќе време за евакуација од Авганистан

Американскиот претседател Џо Бајден деновиве се наоѓа под голем притисок во јавноста, бидејќи на САД им треба уште време за да ја извршат целата евакуација од Авганистан. Бајден во наредниве 24 часа ќе одлучи за продолжување на рокот кој досега траеше до 31-ви август, пренесува Ројтерс.

Франција, Британија и Германија веќе размислуваат за продолжување на рокот во пресрет на утрешниот самит.

Талибанците сметаат дека доколку Бајден се одлули за продолжување на рокот, тоа ќе претставува прекршување на нивниот договор, каде било планирано целосно повлекување на САД до 31-ви август.

Десет илјади луѓе се евакуирани од главниот град Кабул, а илјадници други кои се обидуваат да побегнат се заглавени на аеродромот, каде веќе неколку недели владее хаос.