САД бараат Русија да ги уништи или измени проектилите кои тие ги немаат

Русија мора да ги уништи своите крстосувачки проектили со ознака „ 9M729“ или да го замени дострелот на ова оружје за да го почитува клучниот договор за контрола на вооружувањето од периодот на Студената војна и да го избегне излегувањето на САД од овој договор, изјави во четвртокот висока американска функционерка.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во саботата на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри.

Како причина за одлуката Вашингтон го истакнува наводното руско кршење на договорот, што Мосвка го отфрла и за истото ја обвинува американската страна, предупредувајќи оти изгледа дека САД се подготвуваат за војна.

Загриженоста на американските сојузници во Европа поради одлуката на Вашингтон, ја подгреа и изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дадена претходно во којашто предупреди дека американското повлекување од договорите за разоружувања, како што е договорот за поседување нуклеарно оружје со среден и кус дострел, ќе доведе до трка во вооружувањето и до извонредно опасна ситуација, кога ги предупреди европските земји дека може да станат цел доколку на своја територија разместата американск стратешки проектили.

Рускиот претседател веднаш предупреди дека „главното прашање е што САД ќе сторат доколку се повлечат“ од договорот INF. „Доколку разместат ракети во Европа, тогаш мораме да одговориме на ист начин“, порача Путин.

„Или остранете го системот, остранете ги лансерите или изменете го системот за да не го надминува дострелот, н апроверлив начин“, порача воопштено американската потсекретарка за контрола на воорувжувањето и меѓународна безбедност Андреа Томпсон
.

Претходно во вторникот САД објавија дека на Русија „и’ даваат“ 60 дена да го прекина, како што во Вашингтон велат, кршењето на Договорот за нуклеарно оружје со кус и среден дострел, или ќе се повлечат од договорот. Можноста договорот да се распадне по американското повелекување, ги тревожи американските сојузници во Европа бидејќи може да претставува нова американско-руска трка во вооружување со опасност дека како по Втортата светска војна, западна и централна Европа да станат главното нуклеарно боиште меѓу двете супер сили.

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Хантсман, кој ги брифираше новинарите заедно со Томпсон, рече дека повлекувањето на САД од договорот „не значи и дека ја напуштаме контролата во вооружувањето“. „И натаму сме посветени на контролата во вооружувањето, но ни е потребен сигурен партнер, а го немаме во Русија“, рече Ханстман.

САД ја обвинуват Русија дека крстосувачкиот проектил „9M729 Новатор“, кој според класификацијата на НАТО се означува како „SSC-8“, го крши договорот за ограничување на дострелот од 500 до 5.000 километри, иако тоа не е предвидено со договорот. Западот тврди и дека со договорот склучен во време кога САД се обврзале за неприближување на Алијансата до руските граници што сега не е случај, го забранувал производството или тестирањрто на проектили со ваков дострел и лансери за нив.

Москва негира дека проектилите за коишто Вашингтон тврди дека може да погодат цели во Европа со нуклеарно или конвенционално оружје, го кршат договорот INF. Покрај тоа, рускиот претседател Владимир Путин во средата предупреди дека Русија ќе развие проектил забранет со споменатиот договор, доколку САД истапат од договорот.

Челниците на земјите членки на НАТО во вторникот едногласно го подржаа обвинувањето на САД дека Русија го крши договорот. Меѓутоа, побараа од американскиот државен секретар Мајк Помпео да и’ даде на дипломатијата „уште една шанса“ и да и’ даде на Русија 60 дена да се врати на почитување на договорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.