САД бараат трансферот на иранските пари за вакцината да оди преку американски банки

САД побарале трансферот на иранските пари наменети за купување на вакцините против коронавирусот да одат преку американските банки и покрај санкциите кои Вашингтон ги наметна врз оваа земја, изјави со саботата иранскиот претседател Хасан Роухани, додавајќи дека стравува дека Американците би ги запленител тие пари.

Откако САД во мај 2018-та еднострано се повлекоа од нуклеарниот договор кој во 2015 година Иран го потпиша со шесте светски сили со кој Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на децениските меѓународни санкции, Вашингтон повторни ги врати острите санкции насочени против иранската економија.

Иран поседува замрзнат капитал во неколку земји во светот, меѓу кои и САД. Во теоријата од американските санкции се изземени храната и лековите, но реално меѓународните банки вообичаено одбиваат трансакции во кои е вклучен и Техеран за да ги избегнат потенцијални судски спорови и американските санкции.

„Сакаме да префрлиме средства од земја во која се наоѓаат нашите пари, наменети за купување на вакцината, и таа земја тоа го прифати“, изјави иранскиот претседател Хасан Роухан на состанокот на Комисијата за борба против новиот коронавирус, без да открива за која земја станува збор.

„Бирото за контрола на странската актива на американската ризница (OFAC) прво одговори дека нема никакви проблеми кога станува збор за пренос на средствата во друга банка, но пота нѐ извести дека парите би требало да одат преку некоја американска банка пред да бидат префрлени за купување на вакцината“, рече Роухани.

„Кој може да им верува на луѓе како вас?! Ни ги украдовте парите каде и да наидовте на нив“, рече иранскиот претседател алудирајќи на американската администрација.

Во април годинава Роухани ја поздрави „големата правна победа“, бидејќи Луксембург деблокираше сума од 1,6 милијарди долари забрзнати по барање на САД.

Со повеќе од 54.500 починати и речиси 1.195.000 заразени од коронавирусот, 82-милионскиот Иран е најтешко погодената земја во пандемијата на Covid-19 на Блискиот исток.

На почетокот од декември министерството за здравство објави дека Иран однапред купил 16,8 милиони дози од вакцината преку програмата Covax, независен механизам кој овозможува пристап до вакцините, кој го воспостави Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

„Вакцината би можела да биде поскапа и да стаса малку подоцна, но сигурно ќе ја набавиме“, рече во саботата Роухани.

Истовремено иранските здравствени власти повикуваат волонтери да се пријават за почетокот на клиничките испитувања на сопствената иранска вакцина којашто оваа земја започна да ја развива уште пролетта.