САД бараат во Осло да се разговара за заминување на Мадуро

Разговорите во Осло на кој во моментов учествуваат претставници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот опонент Хуан Гуаидо кого го поддржуваат САД, треба исклучиво да се сосредоточат на заминување на социјалистичкиот претседател, соопшти во вторникот американската дипломатија.

„Запознаени сме со информацијата за разговорите во Норвешка. Како што веќе многупати рековме, САД мислат дека со Николас Мадуро може да се разговара единствено за условите за неговото заминување … Бидејќи претходните преговарања пропаднаа, бидејќи режимот ги искористи за да ја подели опозицијата и да добие во време, се надеваме дека разговорите во Осло ќе се сосредочат на заминувањето на Мадуро како предуслов за каков и да е напредок“, рече за новинарите Морган Ортагас, портпролка на Стејт департмент.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ја исклучуваше можноста за каков и да е дијалог со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чијашто земја е во тешка финансиска криза, во голем дел и поради американските санкции. Меѓутоа, Норвешка успеа да ги организира преговорите во кои учествуваат блиските соработници на Мадуро и на Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела со поддршка од САД и нивните сојузници.

Претходно во вторникот агенцијата AFP, повикувајќи се на извори блиски на преговарачите, јави дека разговорите меѓу двете страни започнале во Осло. Дневниот весник Alnavio, специјализиран за вести од Латинска Америка, пишува дека главна тема на разговорите се „слободни и правични избори“ коишто ги бара Гуаидо. Неколку медиуми наведуваат дека медијациската група ја предводи норвешкиот дипломат Даг Ниландер, кој имаше клучна улога во мировните преговори од 2016 година меѓу колумбиската влада и левичарската герила Револуционерни вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARC),