САД добиле отштета од Судан за атентатите на Ал Каеда

Соединетите држави потврдија во средата дека примиле 335 милиони долари како отштета од Судан за жртвите од атентатите кои во 1998 година ги изведе меѓународната џихадистичка терористичка мрежа Ал Каеда и потврдија дека сега сакаат да „отворат ново поглавје“ во односите меѓу Вашингтон и Картум.

Во рамките на договрот кој е остварен кон крајот на 2020 година по дипломатските напори и други правни процедури, суданската влада се согласи да ја исплати оваа отштета и камати за жртвтеи врз амбасадите на САД во Кенија и Танзанија во 1998 година, на американскиот воен брод „USS Cole“ во Јемен во 2000 година, во кои вкупно загинаа повеќе од 200 луѓе.

Овие пари биле положени на блокирана спетка сѐ додека американската администрација не го отстрани Судан од американската црна листа на земјите кои го поддржуваат тероризмот, што е синоним за санкции и попречувања за вложување во наведените држави.

Сега тоа е сторено, Судан е тргнат од црната листа во декеври, а Стејт департментот минатата седмица го известил американскиот Конгрес за повторно воспоставуање „суверен имунитет за Судан“, согласно законот од крајот на 2020 година, наведе во средата американскиот државен секретар Ентони Блинкен во писмена изјава, а парите се деблокирани.

Американското правосудството оцвени дека Судан е одговорен затоа што на својата територија во текот на 1990-те години го примил сега ликвидираниот челник на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и порати оваа земја во 1993 година е ставена на американската црна листа.

„Ги цениме конструктивните напори на Судан последните години во изнаоѓањето решение заедно со нас. Сега овој тежок процес е зад нас, американско-суданските односи може да отворат ново поглавје“, наведува Блинкен во својата изјава.

Во рамките на компромисот кој го испреговара администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, преодната влада во Судан се согласи да ја признае Државата Израел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.