САД ќе ја прогласат Вагнер групата за транснационална криминална организација

Министерството за финансии на САД одлучи да ѝ воведе дополнителни санкции на руската приватна безбедносна компанија Вагнер група, која им помага на руските воени сили во „специјалната воена операција“ во Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби објави дека министерството за финансии на САД ќе ја означат Вагнер групата како значајна транснационална криминална организација во следните денови.

Белата куќа објави снимки на кои наводно се гледа како Русија презема пратка оружје од Северна Кореја за која тврди дека е наменета за јакнење на силите на Вагнер групата, чии припадници се борат рамо до рамо со руските војници во Украина.

Владата на САД објави и слика од 18 ноември за која тврди дека прикажува руски вагони на пат меѓу Русија и Северна Кореја.

Владата на претседателот на САД Џо Бајден прва ја обвини Северна Кореја дека ја снабдува Русија со оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.