САД ќе достигнат три милиони заразени со „Ковид-19“, а Трамп инсистира дека смртноста се намалува

Соединетите Американски држави ќе достигнат три милиони заразени со „Ковид-19“, а претседателот Доналд Трамп инсистира на тоа дека смртноста се намалува, што е неточно во најголемите жаришта на пандемијата.

Потребни беа три месеци во САД за да се достигне бројот на заразени три милиони, што се случи на крајот на април во исто време со Европската унија.

Во меѓувреме, САД дијагностицираа уште два милиони заразени во време кога ЕУ има регистрирано уште 270.000 случаи.

Последниот милион заразени се случи во САД за помалку од еден месец.

Американците никогаш не излегоа од првиот бран зараза која се движеше географски, а индикаторите се во црвена боја во неколку од најнаселените држави, како Тексас и Флорида: секој ден се потврдуваат се повеќе случаи, се зафаќаат се повеќе болнички кревети и се повеќе луѓе умираат.

Претседателот на САД ја негира реалноста и во твитер објави „дека стапката на смртност од коронавирус е поделена за десет!“

Тоа тврдење е погрешно: точно е дека просечно САД е далеку од априлскиот рекорден број на смртни случаи од „Ковид-19“ кога повеќе од 3.000 луѓе починале на ден, бидејќи во последните денови во просек умираат 600 луѓе.

Но, САД не се единствени, така што северо-истокот на земјата околу Њујорк успеа да го контролира коронавирусот и бројот на пациенти постојано опаѓа.

На југ и запад, напротив, расте бројот на случаи. Националниот просек е стабилен, но во реалноста санитарната криза еруптираше во поголем дел од Соединетите држави.

„Растеме, ние никогаш не паднавме и сега тој број се зголемува“, рече Ентони Фаучи, врвен експерт за заразни болести во владата на САД, кој сè почесто го активира алармот.

Во многу области на Југ и Запад, бројот на заразени расте побрзо од тестирањето, докажувајќи дека вирусот се повеќе циркулира и дека зголемувањето на случаите не е само резултат на тестирање за благи и асимптоматски случаи што не би биле откриени во пролетта.

Државата Аризона има двојно повеќе смртни случаи отколку пред еден месец (42 смртни случаи на ден во просек минатата недела во споредба со претходниот просек од 19 смртни случаи).

Бројот на болнички пациенти од „Ковид-19“ е трипати зголемен за еден месец.