САД ќе и продадат 12 хеликоптери и авион „Гроулер“ на Австралија за повеќе од милијарда долари

Се урна хеликоптер во Иран -Девет мртви
Се урна хеликоптер во Иран -Девет мртви

САД ќе и продадат 12 воени хеликоптери „Сихавк” и еден авион за електронска војна „Гроулер” на Австралија за повеќе од милијарда долари, соопшти Стејт департментот.

Австралија, која неодамна влезе во стратешко партнерство со САД и Велика Британија за да се спротивстави на територијалните амбиции на Кина, побара 12 хеликоптери МХ-60-Р.

Владата на САД го извести Конгресот дека одлучи да го исполни барањето, соопшти Стејт департментот.

Хеликоптерите се мултифункционални – можат да слетаат и полетуваат од брод и да извршуваат операции против копнени објекти и подморници, но и мисии за спасување, снабдување и транспорт.

Канбера, исто така, сакаше да купи Боинг ЕА-18Г Гроулер, специјализиран за попречувањ комуникации. Владата на САД го прифати и тоа барање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.