САД ќе им предаде на ирачките власти околу 50 припадници на ИД

САД ќе им предадат на ирачките власти околу 50 членови од терористичката Исламска држава коли во претходните денови беа префрлени од Сирија, изјавија денеска двајца неименувани ирачки разузнавачки функционери, пренесува Танјуг.

Тие велат дека се очекува припадниците на ИД да бидат предадени до утре.

Одлуката доаѓа откако Турција почна воена офанзива во северна Сирија против курдските борци од редовите на Сириските демократски сили, кои во заробеништво држат над 10.000 припадници на ИД. Меѓу нив има околу 2.000 странци, вклучувајќи и околу 800 Европејци.