САД ќе ѝ испорачаат на Украина муниција со голем калибар од магацините во Израел

САД минатата година постигнале договор со Израел за испорака на артилериска муниција од 155 милиметри за Украина од американски магацина на територијата на еврејската држава, објави во вторникот весникот The New York Times повикувајќи се на американски и израелски функционери.

Според соговорниците на весникот, договорот предвидува испорака на 300.000 артилериски гранати за Украина, од кои половината веќе се транспортирани во Европа и се очекува до украинската војска да стасаат преку територијата на Полска.

Испораките се изведуваат од американските складишта основни во Израел по арапско-израелската војна од 1973 година, за потребите на американските трупи во конфликтите на Блискиот исток. Во написот на NYT се наведува дека израелската војска повеќепати имала пристап до овие складишта со муниција кои се под Централната команда на вооружените сили на САД.

Во текстот се нагласува дека претходната израелска влада првично се спротиставила на испораките на муниција од американските магацини од територијата на земјата, меѓу другото и поради негативната реакција на Русија која во соседна Сирија има две бази и лоцирани моќни противвоздушни системи кои досега изминатите години не реагираа ниеднаш и покрај стотиците израелски воздушни напади врз цели на иранските милиции и на либански Хезболах на сириска територија.

Но како што рекол соговорник на NYT, по официјалното барање од страна на американскиот државен секретар Лојд Остин, поранешниот израелски премиер Јаир Лапид го одобрил договорот „за да се избегнат тензии во односите со САД“. Изворите на весникот истакнуваат и дека американската страна се обврзала да ги надополни залихите во своите магацини во Израел, како и да организира итно снабдување со муниција доколку израелската војска има итна потреба.

Неименуван претставник на Армијата за одбрана на Државата Израел, кого го цитира весникот, истакнал дека политиката на земјата во однос на осигурувањето воена помош за Украина не е променета. Израел ја осуди руската инвазија, но својата помош за Киев ја ограничи на испраќање хуманитарна помош и заштитна опрема.

Портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер, одговорил за весникот дека САД не ги откриваат поединостите за маршрутите за испораките на воената опрема.

„Американската опрема којашто беше складирана во Израел ѝ е предадена на американската војска пред неколку седмици на нивно барање“, рекол за агенцијата

Но американската и руската амбасада во Израел немале коментар. Украинскиот амбасадор Евген Корнијчук телефонски изјавил дека не знаел дали извештајот е вистинит.