САД ќе ѝ испорачаат на Украина ракетни системи со среден и долг дострел

Соединетите држава се подготвени да ѝ испорачаат на Украина системи за противракетна одбрана со среден и долг дострел, објави во неделата телевизијата CNN повикувајќи се на неименувани извори.

Според информацијата, Вашингтон во текот на седмицата ќе објави дека обезбедил соодветните напредни системи „земја-воздух“ и ќе му ги испорача на Киев. Дополнително, според истиот извор, се очекува да бидат објавени и информации за набавка на радарски системи и дополнителна артилериска муниција.

Американскиот претседател Џо Бајден, која деновите престојува во Германија на самитот на земјите од Г7, јасно дави до знаење дека има намера да влијае на Украина да ѝ бидат испорачани „понапредни ракетни системи и муниција“.

Во прилогот на CNN се наведува дека Киев долго време бара од западните земји да му достават мобилни противвоздушни ракетни системи NASAMS, кои може да погодат цели на оддалеченост до 160 километри, но за тоа ќе биде неопходна дополнителна обука за ракување со нив.

Велика Британија ја снабди Украина за војната против Русија со повеќекратни ракетни системи коишто може да гаѓаат цели на оддалеченост од 80 километри, потег кој е координиран со САД за да се нанесат потешки удари на руската војска. Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави, објаснувајќи го подарокот за Киев во вид на системот за повеќекратно лансирање M270, дека британската поддршка за Украина ќе се промени во согласност со наводното развивање на руската тактика.

Американскиот претседател Џо Бајден минатата седмица изјави дека Вашингтон на Киев му испорача артилериските ракетни системи со висока подвижност M142 односно HIMARS, исто така со дострел до 80 километри, откако од челниците на Украина добил гаранции дека нема да бидат употребени за гаѓање цели на руската територија, што би значело невиден ескалација на конфликтот.