САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Владата на САД се согласи да и плати на фармацевтската компанија „Фајзер“ речиси две милијарди долари за дополнителни 3,7 милиони пакувања на лекот за Ковид-19, „Паксловид“.

Новите залихи ќе ги надополнат 20-те милиони пакети претходно купени од американските власти, кои се очекува да бидат обезбедени на почетокот на 2023 година, се вели во соопштението на фармацевтскиот гигант.

Администрацијата на Бајден претходно се согласи да плати околу 10,6 милијарди долари за првите нарачани 20 милиони пакувања.

Фајзер, кој исто така ја продава својата ко-развиена вакцина за КОВИД-19 со германската „Бајонтех“, се очекува да надмине 100 милијарди долари приход оваа година.

Минатата година концернот предвиде дека во 2022 година ќе произведе до 120 пакувања „Паксловид“.

До 30 ноември, „Фајзер“ испорача речиси 37 милиони пакувања со лекот во 52 земји низ светот .

Лекот моментално е достапен бесплатно во САД, каде што се испорачани повеќе од девет милиони пакувања во аптеките. Во декември минатата година во САД беше дозволена употреба на „Паксловид“ кај лица над 12 години, кај кои постои ризик од тежок тек на болеста.