САД се закануваат со нови санкции, ја предупредуваат Европа да не работи со Иран

САД му се заканија на Иран во средата со нови санкции и ги предупредија сојузниците во Европа да не работат со Техеран преки системот на „недоларско“ тргување за да ги заобиколат американските санкции, а шефот на американската дипломатија Мајк Помпео оцени дека иранската објава е „намерно нејасна“.

Иранската влада претходно во средата објави дека суспендира некои свои обврски кои произлегуваат од нуклеарниот договор со шесте светски сили од 2015 година, а од кој точно пред една година еднострано истапија САД, давајќи им 60 дена рок на другите пет потпоснички меѓу кои се и Франција, Велика Британија и Германија да ги спроведат своите обврски во симнувањето на санкциите Тоа особено се однесува на нафтениот и банкарскиот сектор, кои се на удар на новите американски санкции. Вашингтон притоа се заканува со дополнителни санкции за компаниите и другите земји доколку продолжат да вложуваат во иранскатата економија.

Техеран, пак, со намалувањето на ограничувањето на својата нуклеарна програма, сѐ уште не го крши нуклеарниот договор познат како Заеднички план за сеопфатна за акција (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA) од 2015, но се заканува со дополнителни акции доколку другите земји потписнички пропуштат да го заштитат Иран од санкциите.

Одлуката на Техеран за незврпувањето на дел од своите обврски од нуикеларниот договор „не претставува ништо друго туку уцена на Европа со нуклеарното прашање“, оцени Тим Морисон, специјалниот помошник на американскиот претседател Доналд Трамп и шеф на одделот за прашања за оруќје а масовно уништување, наведува агенцијата Reuters.

„Сега е време за заедницата на анциите остро да го осуди иранското постапување во врска со нуклеарната програма и да го зголеми притисокот врз режимот во Техеран да ги задоволи американските барања. Наскоро може да очекувате нови санкции“, порачал Морисон.

Исто така „јасно дал до знаење“ дека САД многу брзо ќе реагираат доколку некои европски земји се обидат да ги поткопаат санкциите и притисокот на Вашингтон врз Техеран. Ги советува да не посегнуваат по ткн специјален механиам за со „недоларското“ тргување да ги заобиколат американските санкции.

„Доколку сте банкар, инвеститор, осигурителна компанија или водите некоја друга работа во Европа, тогаш мора да знаете дека посегнувањето по посебниот механизам би била многу лоша деловна одлука“, се закани Морисон.

Mеханизмот за посебна намена е своевидна клириншка куќа коајшто би можела да се користи за размена на иранските нафта и гас за европски стоки, заобиколувајќи ги американските санкции, кои се засноваат на доларот како глобална валута за трговијата со нафта. Со механизмот се сака да се заобиколи глобалниот досега финансиски систем користејќи посредник во ЕУ за тргувањето со Иран. Така, Европа може да ја плаќа иранската нафта со европски стоки и со услуги од еднаква противредност. Целта беше механизмот да биде правно подготвен во номеври, а оперативен во 2019 година, но ниедна земја не се понуди да биде негов домаќин и да се избегне SWIFT системот. Австрија одби, Белгија и Луксембург се втората опција, но изразија резервирансот. Стравуваат дека тоа што менханизмот би се потпирал на локалните банки за тргување со Иран, би можело да резултира со американски санкции и оневозможување на нивните банки пристап на американскиот пазар.

Уште во ноември 2018 година Германија и Франција, како клучни земји членки на Европската унија, ја преземаа одговорноста за трговската размена со Иран преку стоки како што се храната, горивата и медицинските материјали во одредене противредност, со што би се избегнала монетарната размена а со тоа и американските санкции, бидејќи некои земји членки стравуваат од одмаздата на САД. Меѓутоа, во февруари годинава иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф порача дека воведувањето на овој механиам не е прифатливо за Иран.

Специјалниот американски пратеник Брајан Хук истовремено изјави дека американските санкции против Иран веќе даваат „позитивен резултат“, пренесе агенцијата DPA. Потврдил дека Иран досега не строил ништо што би претставувало кршење на нуклеарниот договор од 2015-та. Според него, САД сега подобро може да спречат Иран да развие нуклеарн оружје. Исто така, оцени дека Иран со обновувњето дел од својата нуклеарна програма „им пркоси на меѓународните норми и се обидува светот да го држи како заложник“. „Мора да почнат да се однесуваат како нормална нација“, рекол Хук. Порачал и дека на секој напад на Иран врз американските сили на Блискиот исток би било одговорено со сила.