Претствници на САД, Египет и Катар во петокот ги повикаа Израел и Хамас да се сретнат на разговори на 15 август за финализирање на прекинот на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.
Трите земји, кои се обидуваат да постигнат договор, во заедничката изјава рекоа дека разговорите може да се одржат или во катарската престолнина Доха или во египетската Каиро.
„Рамковниот договор сега е на маса, а останува само да се заклучат деталите за имплементацијата. Нема повеќе време за губење или изговори од која било страна за дополнително одложување“, се наведува во апелот кој го цитира Reuters.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските преговарачи ќе присуствуваат на преговорите. Целта, рече тој, е „да се довршат деталите и да се имплементира рамковниот договор“.
Засега нема коментар на апелот од страна на палестинското движење Хамас.