САД: Економскиот крах на Грција ќе биде геополитичка грешка

69
САД: Економскиот крах на Грција ќе биде геополитичка грешка

Администрацијата на Обама ја предупреди Европа дека ако се дозволи финансиски и економски крах на Грција, тоа ќе биде геополитичка грешка, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот министер за финансии Џек Лу изјави дека тој е во постојан контакт со претставници од Европа во однос на должничката криза во Грција, која што се заканува да ја дестабилизира европската монетарна унија и да создаде нестабилност во регионот што е од големо значење за интересите на САД.

– Има многу непознати последици, ако ситуацијата во Грција стигне до целосен крах, изјави Џек Лу, предупредувајќи дека ако Европа дозволи економски банкрот на Грција тоа ќе претставува геополитичка грешка.

Во однос на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за преструктурирање на грчкиот долг, Џек Лу предупреди дека долгот на Грција не е одржлив и истовремено ја истакна големата неподготвеност на некои европски држави да го решат овој проблем.

Американскиот министер за финансии изјави дека е во постојан контакт со високите европски претставници во врска со грчката должничка криза, истовремено повикувајќи за постигнување на договор за должничкиот проблем на Грција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.