САД формираат база за специјални операции во Албанија

Американската Команда за специјани операции во Европа (SOCEUR) ќе воспостави база во Албанија на база на ротација, најави во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама.

Командата SOCEUR, чиешто седиште е во германски Штутгарт, објави на својата веб-страница дека базата во Албанија е обезбеди поголема соработка со албанските сојузници, ваќен пристап до транспортните јазли на Балканот и поголема логистичка флексибилност.

„Ова е фантастична вест… тоа е одраз на многу високиот кредибилитет и многу тесната соработка“, изјави Рама во водео-праока во коај го читаше соопштението на SOCEUR.

Специјалните сили, високо обучени и опремени со напредна комуникациска опрема и оружје, најчесто се користат во противтерористички или извидувачки операци а се користат и за инфилтрирање во длабочина на непријателската територија.

Оттаму, не е сѐ уште јасно која ќе биде улогата на овие америкснки сили во Албанија, која е опкрижена со членки на НАТО чијашто членка е и самата уште од 2009 година.

Покрај тоа, САД веќе имаат стационирани 600 војници во непризнатата поранешна српска јужна покраина Косово.