САД, Франција и Британија сакаат итна седница на СБ на ОН за Сирија

САД, Франција и Велика Британија повикаа на итна расправа во Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија.

„САД, Франција и Велика Британија побараа состанок на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во северозападна Сирија со учество на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Гејр Педерсен и претставници на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи“, изјави извор.

Според првичните информации, состанокот би можел да се одржи в четврток. Претходно, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на итно прекинување на непријателствата во северозападна Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.