САД ги јакнат врските во регионите на Индија на Пацификот

Американските министри за надворешни работи и за одбрана ја започнаа во понеделникот шестдневната посета на азиските земји во мисијата за јакнење на врските и сузбивањето на сѐ посилното влијание на Кина во регионите на Индија и Пацификот.

„Тргнувам на пат во Индија, Шри Ланка, Малдиви и Индонезија. Благодарен сум што ќе имам можност да се поврзам со нашите партнери и да ја поттикнувам заедничката визија за слободен и отворен Индопацифички простор кој го сочинуваат независни, силни и просперитетни нации“, напиша на Twitter американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Шефот на дипломатијата на САД и министерот за одбрана Марк Еспер во вторник треба да се сретнат со индиските колеги по должност. Темите ќе бидат глобалната соработка, одговорот на пандемијата на коронавирусот, предизвиците во одбраната и соработката во безбедноста во регионот на Индија и Тихиот Океан, објави американскиот Стејт департпмент.

Посетата на двајцата американски министри се остварува во периодот кога Индија е во тензични односи со Кина поради спорот за границата на Хималаи. Соработката меѓу Индија и САД во последниот период зајакнува, бидејќи двете земји се загрижени поради агресивното наметнување на Кина на економски, политички па и воен план во азиско-пацифичкиот регион.

Една од поважните теми на разговорите во вторник ќе биде и догорото за Договроот за геоспацијалната соработка (Basic Exchange and Cooperation Agreement for Geo-Spatial Cooperation – BECA), кој овозможува размена на сателитски податоци меѓу САД и Индија.

Помпео и Еспер ја започнуваат азиската турнеја една седмица пред американските претседателски избори, на коишто актуелниот републикански претседател Доналд Трамп очекува да освои уште еден мандат. Кина е важна тема во претседателсктата кампања и на Трамп и на неговиот демократски противкандидат Џо Бајден.