САД ги намалуваат царините на увозот на челик од Турција

САД најавија дека ќе ги намалат царините на увозот на челик од Труција, поништувајќи ја со тоа минатогодишната одлука, донесена во атмисфера на дипломатскиот спор и крајно влошените односи меѓу двете најголеми воени сили во рамките на НАТО пактот.

Во август минатата 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп ги удвои царините за увоз на челик и алуминиум од Турција, заострувајќи ги веќе нарушените односи меѓу Вашингтон и Анкара поради затворањето на американски протестантски проповедник Ендрју Брансон противобвинет за соработка со движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кое турските власти ги означија како трерористичка органиација.

Турско-американските односи се наруѓени и поради одбивањето на САД на Турција да ѝ го израчат Ѓулен кој според Анкара стои зад неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година, турско-рускиот договор за набавка на противракетниот систем С-400, поради што во јуни минатата 2018 година американскиот Сенат ја усвои својата верзија од нацрт-буџетот за 2019 година. Таа предвидува запирање на учеството на Турција во производствената програма на петтата генерација американски борбени авиони од моделот„F-35. Меѓу другите причини за ваквата одлука, американските претеници го истакнаа и приведувањето од турските власти на американскиот државјанин Ендрју Брансон. Турција во споменатиот проект учествува задно со уште осум земји. Нејзиниот удел во развојот требаше да изнесува околу 11 милијарди долари. Од оваа сума Анкара во проектот веќе вложи околу 800 милиони долари, а во замена за тоа САД требаше да ѝ испорачат сто авиони.

САД ги воведе зголемените царини за алуминиум и челик и на другите трговски партнери, но Турција беше особено на удар со царина од дури 50 отсто на увозот на челик. Тогаш турската лира доживеа пад на рекордно ниско ниво на американскиот долар. Од вторникот Вашингтон ги врати царините на претходните 25 отсто, објави во четвртокот кабинтетот на американскиот претседател.

Се очекува, исто така, Трамп во петокот или во сабота да објави соопштение за можните царини на увозот на автомобили, вклучитено и на увозот од Европската унија.