САД ги откажуваат трајно сеопфатните воени вежби со Јужна Кореја

Пентагон трајно ги откажува сеопфатниет воени вежби со Јужна Кореја, кои вообичаено се одржуваа напролет објавија во петокот американски воени функционери, што претставува отстапка во однос на барањата на Северна Кореја, а доаѓе само неколку дена откако без договор во виетнамската престолнина Ханој заврши вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

Моментот во кој е донесена оваа одлука ги отвори прашањата за тоа дали со овој потег американскиот претседател Доналд Трамп се откажува од важна „алатка“ во односите со Северна Кореја, која долго време остри ги осудува ваквите вежби како провокација и редовно демонстира нуклеарна и балистичка моќ, а за возврат американската страна не добива ништо.

„Зошто да се преговара со САД кога тие концесијата ја даваат бесплатно“, критикуваше на Twitter Абрахам Денмарк, поранешниот висок функционер на Пентагон во текот на администрацијата на претседателот Барак Обама. Тој смета дека запирањето на воените вежби ќе има „силни импликации на подготвеноста“ на американските и јужнокорејските сили на Корејскиот полуостров.

Десетици илјади американски и јужнокорејски војници најмалку еднаш годишно учествуваа на воените вежби, од кои пролетните се редовини и познати како „Foal Igle“ и „Key Resolve“, а се одржуваа повеќе од една деценија. Минатата година, меѓутоа, претседателот Трамп го прекина нивното одржување, наведувајќи ги како причина големите трошоци, како и потребата од намалувањето на тензиите во односите со Северна Кореја.

Пролетните воени вежби ќе ги замени обука со помали размери којашто и покрај сѐ ќе осигури подготвеност на американската и на јужнокорејската војска да одвратат можна севернокорејска инвазија, наведуваат американски функционери, кои за ова не сакале да зборат официјални сѐ додека и формално не биде објавено откажувањето на вежбите, што се очекува подоцна во саботата.

Вашингтон ланскиот јуни објави дека „на неодредено време“ ги прекинува главните масивни зеднички воени маневри со Јужна Кореја, коишто Северот секогаш ги доживува како подготовка за инвазија против него и реовно одговара со нуклеарен тест или со лансирање балистички интерконтинентални проектили. Во Јужна Кореја се стационирани постојано 28.500 американски војници од примирјето во 1953 година на Корејската војна и поделбата на полуостров.

Трамп повеќепати напоменуваше дека станува збор за голем трошок, додека неговите противници тврдат дека пролетните вежби се „релативно евтини“ и дека трошоците изнесувале 14 милиони долари годишно.