САД ги предупредија своите државјани во Израел на опасност од ракетни напади

САД ги предупредија во понеделникот своите државјани во Израел и на Палестинските автономни територии дека мора да бидат внимателни поради ризикот од ракетни напади, три дена откако во американски воздушен напад во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Предупредувањето е објавено на интерент странциите на американскиот Стејт департмент и на американската амбасада во Израел и не се споменува атентатот врз Сулејмани, но се алудира на растот на тензиите на Блискиот исток.

„САД силно ги повикуват американските државјани да останат претпазливи и да преземат соодветни мерки за да ја зголемат својата сигурност, бидејќи безбедносните инциденти, вклучително и ракетен напад, лесто се случуваат без предупредувања“, се наведува во повикот.

Израел засега не издаде слично предупредување за своите граѓани, но радиото на израелската војска објави дека армијата е во состојба на приправност. Советот за одбрана, на чие чело е премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе се сретне ноќта кон вторникот по средноеврпско време, првпат по ликвидацијата на влијателниот ирански командант.

Израелските медиуми, повикувајќи се на извори од разузнавачките служби, тврдат дека е мала можноста Иран да го нападне Израел. Од палестинската енклава Појасот Газа, и владејчкото движење Хамас, и групата Исламски џихад која има поддршка од Техеран, често истрелуваат прокетили врз Израел. Израел е загрижен дека и другите шиитски групации во регионот, како либанскиот Хезболах, би можеле да изведат одмазднички напади поради убиствтото на Сулејмани кој беше почитувани и влијателен кај овие формации.