САД ги укинуваат трговските и инвестициските преговори со Русија поради настаните во Украина, соопштија од прес-службата на трговскиот претставник на САД, Мајкл Фром, пренесе „РИА Новости“.
„Ги запревме претстојните преговори со Русија за трговијата и инвестициите, што беа наменети за да ги активираат економските врски меѓу земјите“, истакнале од прес-службата.
Претходно Пентагон соопшти дека од истата причина САД ја замрзнуваат воената соработка со Русија.