Американските здравствени власти побарале од сојузните држави да подготват масовни дистрибуции на вакцината против коронавирусот до почетокот на ноември, што се совпаѓа со одржување на претседателските избори на 3-ти ноември, се наведува во дописот испратен до гувернерите кој ѝ бил даден на увид на агенцијата France Presse (AFP).
Американската агенција за превенција и сузбивање на болестите (CDC) „бара“ сојузните држави „што поскоро“ да сторат сѐ што е потребно за центрите за дистрибуција на идната вакцина на Covid-19 да бидат „целосно оперативни до 1-ви ноември 2020 година“, се наведува во дописот потпишан од директорот Роберт Редфилд кој минатата седмица бил испратени до гувернерите.
Во дописот, исто така, првиот човек на CDC во прв ред ги споменува укинувањето на административните рестрикции, издавањето дозволи и лиценци.
Агенцијата AFP во извештајот наведува дека трката за вакцина е во „полна брзина“ ширум САД, земјата којашто е најтешко погодена од пандемијата на новиот коронавирус.
Здравствените власти „забрзано се подготвуваат за масовна дистрибуција на вакцина за Covid-19 во есента 2020-та“, истакнува Редфилд во дописот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е републиканскиот кандидат за нов мандат на изборите на 3-ти ноември, минатата седмица рече дека земјата ќе ја има вакцината „оваа година“.
Иако неколку вакцини се во фаза на последните клинички испитувања, некои експерти се скептични дека барем една од нив ќе биде ефикасна и безбедна, но властите во многу држави во светот веќе отсега се подготвуваат за евентуална дистрибуција за да се заштеди драгоцено време во пресрет на многу можното повторбно разгорување на пандемијата.
Во документот кој го објави весникот The New York Times и кој е испратено до локалните здравствени власти истиот ден кога и дописот на директорот на CDC, се разработуваат три сценарија зависно од развојот на „вакцината А“ и „вакцината Б“. Се чини дека тие се однесуваат на вакцините на коишто работата фармацевтските компании „Pfizer“ и „Moderna“. САД од овие компании нарачаа милиони дози, додава весникот.
„Подолу опишаните сценарија државите и локаното правосудство треба да ги искористат за развој на оперативен план за рано вакцинирање против Covid-19, бидејќи снабдувањето со вакцината ќе биде ограничено“, се образложува во документот.
Во него многу детално се опишуваат условите за складирање на вакцините и се наведува кој прв треба да биде вакциниран, односно здравствените работници.