САД го критикуваат извештајот на ОН за ликвидацијата на иранскиот генерал

50

САД во средата жестоко го критикуваа извештајот на експертката на Обединетите нации во кој се оценува дека убиството со дрон на иранскиот генерал Касем Сулејмани во американски напад на почетокот на јануари во Иракн било произволно и незаконско.

„Потребна е одредена интелектуална нечесност за да се објави извештај во кој се осудуваат САД поради тоа што дејствувале во законска одбрана, премолчувајќи го истовремено добро познатото минато на генералот Сулејмани, еден од најлошите меѓународни терористи“, изјави портпаролката на американската дипломатија Морган Ортагус.

„Овој тенденциозен и одвратен извештај ги поткопува човековите права аболирајќи ги терористите и уште еднаш покажува дека САД со право го напуштија Советот за човекови права на ОН“, додаде Ортагус.

Во извештајот кој во вторникот ОН го испратија до медиумите, Агнес Галамар, специјалната известителка за вонсудски погубувања, без разлика дали станува збор со прек суд или со произволни ликвидации, се заклучува дека „постапувањето на САД било незаконско, бидејќи не постоела непосредбна животна опасност“, со што се крши Повелбата на ОН.

„Имајќи ги предвид доказите кои САД досега ги пружија, нападот врз генералот Сулејмани и погубувањето на лицата во неговата придружба претставуваат произволно убиство за кое САД се одговорни според меѓународното хуманитарно право“, истакнува Каламар во својот извештај.

Експертката којашто го има мандатот од Советот за човекови права при ОН, но не настапува во името на светската организација, во четвртокот треба да го поднесе извештајот до ова тело на ОН од коешто САД истапија во 2018 година.

Влијателниот генерал и командант на елитната иранска Револуционерна гарда задолжен за надворешни операции и се сметаше за творец на стратегијата на Иран на Блискиот исток, беше убиен ноќта на 3-ти јануари во американски воздушен напад пред меѓународниот аеродром во Багдад, Заедно со него беше убиен и Аби Махди ал-Мухандис, командант на шиитската милиција во Ирак, која е поврзана со Техеран.

Убиството на генералот Сулејмани ја ескалираше кризата меѓу САД и Иран. Техеран изведе ракетни напади врз две ирачки бази во кои се сместени американски војници, и по кои не се пријавени жртви. Вашингтон, пак, одговорија со дополнителни санкции против Иран, со кои се опфатени 17 рударски и металуршки компании, како и странски транспортни средства вклучени во испораките на нивните производи, како и за осум високи ирански функционери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.