САД го обвинија Асанж за заговор

© Jack Taylor/Getty Images

Американското обвинителство објави во четвртокот дека Џулијан Асанж, еден од оснивачите на ресурсот WikiLeaks, е обвинет за заговор поради обидот да пристапи до таен компјутер на американската влада заедно со поранешниот воено-разузнавачки аналитичар, кој го промени полот и стана Челзи Менинг, во 2010 година.

На Ансанж, кој беше уапсен во четвртокот утрото во еквадорската амбасада во Лондон каде што престојуваше од 2012 година, поради обвиненијата во САД му се заканува максимална казна од пет години затвор, објави американското министерство за правда.

Сега 47-годишниот Џулијан Асанж, кој би можел да биде екстрадиран во САД, американската страна ќе го испраша преку видео линк на 2-ри мај.

Судија на Вестминстерскиот суд во Лондон, рече дека САД имаат рок до 12-ти јуни да ѝ ги достават на Велика Британија своите аргументи за екстрадиција на Асанж. Австралиецот се појави пред споменатиот суд кој го прогласи виновен за кршење на условите за привремено пуштање на слобода, што се казнува со една година затвор.

Британската полиција по апсењето на Асанж објави дека е лишен од слобода во согласност со барањето за екстрадиција во САД, како и поради кршењето на привременото пуштање на слобода во Велика Британија.

Кривичната истрага во САД трае уште од периодот на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама. Поттикната е во прв ред со објавите на WikiLeaks од 2010 година на стотиците илјади тајни американски воени извештаи за војните во Авганистан и Ирак, и непријатната американска дипломатска коресподенција.

Американското министерство наведува дека Асанж е уаспен во согласност со американско-британскиот договор за екстрадиција. Во обвинението се наведува дека тој во март 2010 година учествувава во заговорот да му помогне на Манинг да ја пробие шифрата на компјутерите на американското министерство за одбрана поврзани на SIPRNet, владината мрежа за доверливи документи и комуникации. Обвинет е поради заговор да се провали во компјутерите.

Администрацијата на Обама одлучи кривично да не го гони WikiLeaks, бидејќи неговата работа била премногу како новинарски активности кои се заштитени со Првиот амандман од Уставот на САД.

Пред појавувањето на Асанж пред судот, британската премиерка Тереза Меј во парламентот коментираше дека „никој не е над законите“. „Во Велика Британија никој не е над законите“, рече Меј во долниот дом на парламентот пофалувајќи го „големиот професионализам“ на британските полицајци кои го уапселе Австралиецот врз основа на налог од јуни 2012 година издаден од британскто правосудство поради непојавување на суд, како и врз основа на американското барање за екстрадиција.

Портпаролот на Тереза Меј истакна, исто така, дека Британија не лобирала за одлуката за повелекувањето на азилот за Џулијан Асанж. Нему, откако му беше ускратен дипломатскиот азил, му беше одземено и еквадорското државјанство. Еквадор ги обвини Асанж и WikiLeaks дека наводно учествувале во обиди за дестабилизација на земјата.