САД го осудиja терористичкиот напад во Иран, осуди и од Катар, Кувајт и Оман

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, го осуди во неделата нападот врз иранската воена поворка во кој загинаа 29 лица, велејќи дека САД ги осудуваат сите терористички напади, а осуди изрекоа и три арапски сунитски монархии во Персискиот залив: Катар, Кувајт и Оман.

Официјален Техеран за споменатиот напад ги обвини САД, Израел и посебно една мала држава во Персискиот залив, иако ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во доминантно шиитски Иран. Во минатото вакви напади изведуваа и припадници на бунтовници од курдското и на сунитското малцинство кои сппоред Техеран се поддржувани од американските и израелските тајни служби.

„Соединтетите држави го поддржуваат сите тие мали платенички земји. Американцките ги охрабруваат“, изјави иранскиот претседател Хасан Роухани, кој додаѓа од умерената струја, пред полетувањето за Њујорк каде што ќе учествува на годишното Генерално собрание на ОН.

„САД го осудуваат секој терористички напад, без разлика каде е изведен“, изјави американската амбасадорка во ОН. Ники Хејли, за телевизијата CNN во првата американска реакција на нападот. Хејли одговори дека смета оти Роухани би требало „да ја разгледа ситуацијата во својата земја каде Иранците протестираат против него“. Додаде дека сите пари во Иран одат за неговата армија. „Тој веќе долго го угнетува својот народ“, заклучи Хејли.

САД во мај годинва се повлекоа од меѓународниот нуклеарен договор кој шесте светски сили го потпишаа со Иран по долги преговори во 2015 година, и тоа откако Роухани дојде на власт. Вашингтон потоа повторно воведе санкции за Иран кои беа укинати со намера за „максималано да ги притисната иранските власти да ја прекинат дестабилизирачката активност на Блискиот исток“. Станува збор за добрите односи и помошта којашто Иран им ја дава на шиитите во регионот, како на мнозинската заедница во Ирак, во конфликтот во Сирија го помогаат претседателот Башар ал-Асад, во Јемен пак побунетото шиитско население Хути, како и либанското шиитско движење Хезболах.

Според официјалните податоци, специјална еденица од четворица мажи во саботата пукале на луѓет собрани на воена парада во Авхаз и притоа убиле 29 луѓе.

Катар, Кувајт и Оман, трите сунитски арапски монархии во Персискиот залив одвоено во неделата го осудија терористичкиот напад во Иран. Бунтовничкото движење Хути во Јемен изрази солидарност со владата Техеран. Но најголемите сунитски кралства и најголеми регионални противници на Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Емирати и Бахреин не реаграа веднша на нападот во Авхаз.