САД го поддржале создавањето на армија на Косово по стандардите на НАТО

Вашингтон ја поддржува трансформацијата на косовските безбдносни сили во професионална мултиетничка армија според стандардите на НАТО со ограничен мандат за територијална самоодбрана, пренесуваат во петокот косовските медиуми повикувајќи се на амбасадата на САД во Приштина.

Парламентарната комисија за внатрешни работи и одбрана на Косово минатата среда го одобри пакетот предлог-закони за трансформација на безбедносните сили на Косово (FSK), и го препрати на расправа пред пратениците. Пратениците на владејачката партија на косовскиот претседател Хашим Тачи и на опозицијата беа единствени да го потврдат законот. Претходно премеирот Рамуш Харадинај изјави дека „Америка го благословила“ создавањето на косовска армија според стандардите на НАТО.

„САД продолжуваат да ја поддржуваат дисциплинираната, трансформација на безбедносните сили на Косово во професионална, мултиетничка и вооружени сили компатибилни со НАТО вооружените сили со ограничен мандат на територијалната самоодбрана. Ниедна земја не може да стави вето на оваа трансформација“, ја цитира изјавата на американсата амбасада телевизијата RTK2.

„Ги повикуваме косовските лидер да осигурат продолжување на овој процес на инклузивен начин, кој ја одразува мултиетничката природа на Косово. Од суштинско значење има тоа што Косово од тој момент и натаму тесно да се координира со сојузниците во НАТО и сорабокта со сите граѓани за напредок на трансформацијата“, додаде телевизијата повикувајќи се на амбасадата на САД.

За предавањето на трите предлог-закони за трансформација на косовските безбедносни сили во потполни вооружени сили во парламентарна процедура во септември гласаа сите членови на косовската влада, освен двата министри од партијата на српското малцинство Српска листа. Иницијатор на гласањето бепе министерот за безбедност, Рустем Бериша.

Косово, кое еднострано со поддршка на САД и водечките земји на ЕУ во 2008 година прогласи независност од Србија, нема своја армија. Против нејзиното формирање остро се спротиставува официјален Белград, повикувајќи се на резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, за регулирање на состојбата во поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија.

За формирање на вооружените сили на Косово потребни се уставни измени кои се воведуваат со двотретинско мнозинство од 120-те пратеници. Обидот на албанските власти во Приштина трансформацијата во армија да ја направат на друг пат, преку проширување на овластувањата на косовските безбедносни сили со обичен закон за кој е потребно просто мнозинство во парламентот, минатата 2017 година наиде на остра реакција од меѓународната опозиција, вклучително и од Европската унија, САД и Русија, двете како постојано членки на Советот за безбедност при ОН со право на вето.