САД го поддржува лидерството на Грција за Договорот од Преспа

Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари средба со Јоргос Катругалос, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, при што уште еднаш ја изрази силната поддршка на САД за лидерството на Грција со постигнување на Договорот од Преспа и негова натамошна имплементација.

Помпео и Катругалос синоќа во Стејт департментот го започнаа американско-грчкиот стратешки дијалог, каде ја реафирмираа посветеноста за продлабочување на соработката во клучните области во интерес на двете земји.

Помпео го истакна значењето на Грција како столб на стабилноста во Источниот Медитеран и на Балканот и ги поздрави грчките придонеси како сојузник на НАТО.