САД го потврдија уривањето на својот воен авион во Авганистан

Командата на американските сили во Авганистан потврди во понеделникот вечерта дека авионот кој се урна рано утрото во источната покраина Газни која е под контрола на талибанските бунтовници, е дел од коалициските сили во оваа земја.

„Американски ‘Bombardier E-11A’ се урна денеска во покраината Газни во Авганистан“, објави на Twitter портпаролот на командата на силите на САД во Кабул, полковникот Сони Лигет.

Покрај тоа, портпаролот изразува сомневање дека талибаните го собориле авионот, како што претходно во изјава за медиумите изјави портпаролот на радикалното движење, Забиула Муџахид.

„Сѐ уште се истражуваат причините за падот, нема никакви индиции дека непријателски оган бил причината за несреќата. Ќе осигуриме дополнителни како што пристигнуваат. Талибанските изјави дека уште еден авион се урнал се лажни“, истакнува Лигет.

Претходно во текот на денот беше објавувано дека во авганистанската покраина Газни се урнал патнички авион на владината воздухопловна агенција со околу 83 патници. Подоцна од компанијата „Ariana Afghan Airlines“ демантираа дека нивен авион се урнал во областа Дех Јак, која е под контрола на талибаните.

Подоцна телевизијата Ariana News објави снимки од остатоците од урнатиот авион, на кој беа видливи ознаки на американските воздухопловни сили. Авионите од типот „Bombardier E-11A“ американската војска во регионот ги користи за електронско разузнавање во тешко достапните планински предели. Авионите од типот „ Bombardier E-11A“ се користат и како поддршка за разузнавачките беспилотни летала и с опремени со многу скапа комуникациска опрема.

Засега нема информации за човечките жртви во несреќата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.