САД го поздравуваат „монументалниот ден“ за Авганистан

Саботата е „монументален ден за Авганистан“, објави американската амбасада во Кабул на Twitterм, неколку часа пред потпишувањето на договор со талибаските милитенки, кој може да донесе крај на 18-годишната војна во оваа јужноазиска земја.

Во екот на подготовките за потпишување на договорот во катарската престолнина Доха, службнениците на амареикамската амбасада истакнуваат дека „станува збор за создавање мир и свелта заедничка иднина. Со Авганистан сме“.

Со потпишувањето на договорот, во Авганистан, земјата која е во воена состојба откако САД извршија инвазија за соборување на талибанската влада како реакција на терористичките напади на 11-ти септември 2001 година, треба да настапи крај на насиклствата кои однесоа досега повеќе досетици илјади животи.

Во пресрет на потпишување на договорото, талибаните во саботата им наредија на сите свои борци да се „воздржат од секакви напади“.

„Денеска на сите талибански борци им е наредено да се воздржат од секакви напади… за среќа на нацијата. Се надеваме дека САД ќд останат доследни на своите ветувања од преговорите и мировниот договор“, изјави за Reuters портпаролот на талибаните, Забиула Муџахид.