САД го прислушувале и израелскиот премиер

Во изминатите неколку години американските и британските разузнавачки служби прислушувале повеќе од 1.000 официјални лица, вклучувајќи ја канцеларијата на израелскиот премиер, шефови на хуманитарни организации и странски енергетски компании, покажуваат податоците кои ги доставил поранешниот разузнавач во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ пишува дека одредени имиња на политички и дипломатски лидери претходно биле споменувани како цел на прислушување, но дека во новите тајни документи подетално се опишани шпионски операции во повеќе од 60 земји.