САД го советува Израел да ја одложи копнената офанзива

Администрацијата на Бајден го советува Израел да ја одложи секоја копнена офанзива за да остави повеќе време за преговори за заложниците и за испорака на хуманитарна помош во Газа, пишува американскиот Ен-Би-Си.

Според изворите за Ен Би Си, САД не ги диктираат операциите на израелските одбранбени сили и признаваат дека ослободувањето на заложниците и доставувањето помош се огромни предизвици.

„Генерално не ги коментираме приватните дипломатски разговори“, изјавил кратко портпаролот на Стејт Департментот. Во мегувреме, клучниот преговарач на Хамас за судбината на повеќе од 200 заробеници, која групата ги држи во Газа, изјавил за Скај Њуз дека сите цивили ќе бидат ослободени ако се исполнат нивните услови- Израел да го смали интензитетот на бомбардирањето на Газа. Инаку, од почетокот на воздушната операција досега загинале над 5000 палестинци, соопшти Хамас

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.