САД: Грција и ЕУ да најдат компромис

Белата куќа апелира до Грција и до лидерите на Европската унија да пронајдат компромис и да ја задржат Атина во еврозоната, објави МИА.

– Референдумот е завршен, но ставот на Белата куќа останува ист. Тоа е на Европа да го реши, изјави портпаролот Џош Ернест.

Тој наведе дека претставниците на ЕУ и Грција треба да постигнат договор за „пактот реформи и финансирањето кое би и овозможило на Грција да биде на патот на одржлив долг, но и на економски раст.

– Тие треба да и овозможат на Грција да остане дел од еврозоната, истакна Ернест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.