САД и Кина договорија прва фаза од трговскиот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинеските функционери објавија во петокот дека ја договориле „фазата еден“ од трговскиот договор кој вклучува намалување на американските царини на кинеските стоки. Меѓутоа, тие не открија кое количество американски земјоделски производи Пекинг се согласил да ги купи, што беше клучна точка на долготрајните преговори за договорот.

„Договоривме многи широка фазе еден од договорот со Кина“, објави на Twitter во петокот. Кинеските финкционери „се сголасина на многу структурни промени и масовно набавки на земјоделски производи, енергетиката, произведените стоки и уште многу нешта“, наведе американскиот претседател.

САД се согласиле да ги суспендираат царините во вредност од 160 милијарди долари за кинески стоки кои требаше да стапат на сила на 15-ти декември и ги намалиле постојните царини на 7,5 отсто , додаде Трамп.

Договорот ја покрива интелектуалната сопственост, пренос на технологиите, земјоделието, финансиските услуги, валутите и странската размена, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR). САД ќе ги задржат 25-те отсто за царините на кинескиот увоз во вредност од 250 милијарди долари, но ќе се преполоват царините на 7,5 отсто на увозот во вредност од 120 милијарди долари, додаваат од USTR

Кинеските функционери рекоа на прес-конференцијата во петокот во Пекинг дека двете земји постигнаа огромен напредок во почетната фаза од трговските преговори. Кине ќе увезува повеќе американски пченица и пченка, рече заменикот на кинескиот министер за земјоделство.

САД ја притискаат Кина да се обврзе на набавка на земјоделските производи во вредност од 50 милијарди долари во 2020 година, што кинеските функционери претходно се обидуваат да го спречат. Договорот ќе обезбедни поголема заштита за странските компании во Кина и за кинеските компании во сАД, наведува кинеските функционери.