САД и Кина ќе бидат водечки во постпандемискиот свет, прогнозира Bloomberg

Во тековната 2021 година, светот брзо ќе закрепне од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, но некои земји да заостануваат зад овој тренд, предупредуваат експертите на деловната новинска агенција Bloomberg.

Според аналитичарите на агенцијата САД и Кина ќе бидат лидери во „постпандемичниот“ свет. Вашингтон ќе стане локомотива на економското закрепување благодарејќи на трилионите долари кои се инјектираат за фискалните стимулирања на стопанството, додека успехот на Пекинг го објаснуваат со ефикасното справување со пандемијата во земјата.

Во анализата на Bloomberg се истакнува дека растот на светската економија ќе биде на рекордно ниво од 1960-те години и ќе изнесува 6,9 отсто. Сепак, оваа стапка на закрепнување не се очекува во сите земји поради различните стапки на вакцинација и нивната достапнос. Земјите во развој и земји од Европската унија, во прв ред Франција и Италија, сметаат експертитет на агенцијата.

„Вакцините сѐ уште не се достпни за сите и наекаде. Премногу луѓе и натаму се соочуваат со губење на работните места и растечката сиромаштија. Премногу земји заостануваат“, ја цитира агенцијата директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Аналитичарите очекуваат дека на некои земји ќе им бидат потребни неколку години за да се вратат на стабилизирачко ниво. Особено сериозно ќе настрадаат, според нив, земјите кои се фокусираат на туризмот во закрепнувањето на националните економии,

Во првиот квартал од годинава светската економија забележа раст од 1,3 отсто. Најсилно темпо на раст е забележано во САД, додека се намалува бруто домашниот производ (БДП) на Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Јапонија, членки на групата најразвиени економии Г7. За Бразил, Индија и Русија се наведува дека сѐ уште заостануваат зад Кина во однос на стпаките на економскиот раст.

Меѓу факторите кои влијаат врз тепото на закрепнување на економијата, експертите ги истакнуваат стапката на вакцинацијата на населението против коронавирусот и монетарните политики. Така, спроед главниот економист на банката „JPMorgan Chase“, Бруис Касман, во 2020 година во повеќето земји, вклучителни и големите економии во формирање како Бразил, Русија и Турција, во справувањето со кризата, централните банки ги намалиле кличните каматни стапки. Но, сега тие започнуваат да ја заоструваат монетарната политика со цел да го спречат забзувањето на инфлацијата или одливот на капиталот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.