САД и Кина започнаа трговска војна

Вашингтон и Кина започнаа во понеделникот трговска војна со стапување на сила на новите царински давачки на 260 милијарди долари за кинеските и американските производи, со ризик да го загрозат глобалниот економски раст.

Пренабрегнувајќи ги многубројните предупредувања од економистите и глобалните компании, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царински давачки од 10 отсто на 200 милијарди долари увоз од Кина. Пекинг, според најавите, би требало да возврати во истиот момент со наметнување нови царински намети од 5 до 10 отсто на американски производи кои претставуваат 60 милијарди долари годишен увоз во Кина,

Трамп со месеци наназад ги предупредуваше кинеските партнери да прекинат трговските практики коишто ги смета нечесни. Посебно му пречи што за возврат пристапува на кинескиот пазар, американските компании мораат да ги делат со локалните партнери дел од своето технолошко знаење што тој го споредува со „кражба“ на интелектуалната сопственост.

„Трговската војна којашто Кина ја води против САД трае со години. Доколку тоа сакаме да го наречеме трговска војна, решителни сме во неа да победиме и ќе победиме“, оцени во неделата државниот секретар Мајк Помпео за телевизиската мрежа Fox News. Вети дека од Кина ќе постигне да се „однесува како што би се требало да се однесува светска сила, да покаже транспарентност и да ја почитува правната држава“.

Американскиот претседател уште ова лето воведе царини од 25 отсто на 50 милијарди долари кинески производи. Соочен со идентична одмазда Пекинг, одлучи да оцарини дополнителни кинеските производи вредни од 200 милијарди долари. Вашингтон од март царини под изговорот „националната безбедност“ челик и алуминиум кој увезува на ниво од 25 отсто односно 10 отсто.

„Трговската војна сега е стрварност“, вели Брајан Коултон, главен економист на бонитетната агенција Fitch.

Ситуацијата станува потешка бидејќи се чини дека е дојдено до прекин на дијалогот. Посетата на делегацијата на кинеските преговарачи предводена за 27-ми и 28-ми септември во Вашингтон, Пекинг го откажа, објави The Wall Street Journal. Претходните преговори на крајот од август завршија без некаков резултат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.