САД и НАТО загрижени за Украина

САД и НАТО денеска изразиле сериозна загриженост поради судирот на полицијата и демонстрантите во Киев и повикале на воздржување од насилства и итно продолжување на дијалогот.

„Изненадени сме од насилството во центарот на Киев. Го повикуваме претседателот Виктор Јанукович итно да ја смири ситуацијата и да им стави крај на судирите“, соопштила Лора Лукас Магнусон, портпаролка на американскиот Совет за национална безбедност.

Прекумерната употреба на сила од било која страна нема да ја реши кризата, сметаат оттаму.

Во исто време, генералниот секреат на Алијансата, Андерс Фог Расмусен, изјавил дека е „сериозно загрижен“ и ги повика „сите страни да се воздржат од насилства и итно да го продолжат дијалогот, вклучувајќи го и парламентарниот процес“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.