САД и ОАЕ ги потврдија првите случаи на зараза со омикрон варијантата

Првиот случај на зараза со омикрон варијантата на коронавирусот е потврден во Соединетите држави кај лице коешто допатувало од Јужноафриканската Република, соопштија во средата американските здравствени власти.

Лицето било позитивно на тестирање во сојузната држава Калифорнија, се наведува во Центарот за следње и контрола на билестите (CDC).

„Лицето е целосно вакцинирано и имеше полесни симптоми кои минувале. Сите кои од тогаш биле во близок контакт со ова лица беа негативни на тестот“, се наведува во сопштението за медиумите и се додава дека пациентот се вратил од ЈАР на 22-ри ноември.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во петокот ја оцени омикрон варијантата како „загрижувачка“, а веќе е идентификувана во повеќе од дваесет земји откако прво е идентифукувана во Јужноафриканската Република.

САД веќе го забранија влезот на американска територија на потници од осум земји од југот на Африка. Сите возрасни странци кои влегуваат во земјата мора да бидат вакцинирани и да имаат негативен наод на тестот на коронавирусот три дена пред летот. Американците кои се враќаат од странство, исто така, мора да се тестираат, три или еден дене пред поаѓањето зависно од вакциналниот статус. Властите сакаат да го скусат тој рој на само еден ден за сите.

Обединетите Арапски Емирати, исто така, во средата соопштија дека во земјата е откриен првиот случај на сојот омикрон, кај жена којашто допатувала од Африка, јавија локалните медиуми. ОАЕ е втората земја во регионот на Персискиот залив којашто откри случај на инфекција со омикрон, откако Саудиска Арабија претходно го пријави првиот случај.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) претходно во вторникот соопштија дека тие се првата земја во светот која вакцинирала 100 отсто од своето население против коронавирус со најмалку една доза. Околу 90 отсто од населението досега примиле вкупно две дози вакцини против коронавирусот, според Управата за управување со кризи и катастрофи (NCEMA).

Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, ОАЕ е светски лидер во целосната вакцинација. Севкупно, земјата администрирала речиси 22 милиони дози вакцини кај нејзините речиси 10 милиони жители, објави NCEMA. Земјата веќе ја дава и третата засилувачка доза од вакцините.

Омикрон варијантата ги загрижува стручњаците бидејќи има десетици мутации поради коишто може да биде позаразна и поотпорна на имуноста стекната со вакцинирање. Во моментов се изведуваат истражувања за да се утврди дали се вистинити таквите сомнежи и во која мерка, а првите резултати ќе бидат достапни дури за неколку седмици.