САД и Северна Кореја договараат враќање на останките од американските војници

105

Претставници на САД и на Северна Кореја одржале разговори во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи во неделата за репатријација на посмртните останки на американски војници загинати во Корејската војна, објави јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Функционерите се состанале во селото Панмунџом и разговарале за тоа каде и како севернокорејската војска ќе ги предадат посмртните останки на САД, но во неделата не се објавени поединости од разговорите.

Во новинскиот извештај се вели дека американската делегација ја водел Мајкл Минихен, началник на командата на ОН под американско водство, а севернокорејскиот генерал со две ѕвезди. Ова е првата средба на високо ниво за ова прашање по девет години, известува Yonhap.

Интернет мрежата Arirang објави дека САД подготвиле 100 дрвени сандаци за враќање на посмртните останки во татковината на идентификација.

Во периодот од 1996 до 2005 година американските експерти ексхумираа останки на повеќе од 220 војници во Северна Кореја, меѓутоа со таквите активности престанаа во 2005 година поради безбедносни причини. Се проценува дека во Корејската војна загинале 33.000 американски војници, а повеќе од 8.000 сѐ уште се водат како исчезнати.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео оцени дека денешните преговори биле плодни и подготвителни, и оти од понеделникот 16-ти јули ќе започнат работните средби за координација на последните чекори за предавањето на останките кои веќе се пронајдени на Северна Кореја.

Како што истакнал Помпео, „покрај тоа, двете страни се согласија да се обноват работите на теренот во Северна Кореја, за да се пронајдат останките на околу 5.300 Американци, кои не се вратија во своите домови“, пренесува агенцијата Reuters.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.