САД и сојузниците ја обвинија Кина за глобална хакерска кампања

Соединетите држави и нивните сојузници ја обвинија во понеделникот Кина за наводна глобална хакерска кампања, при што големиот напад врз американскиот технолошки гигант „Microsoft“ кој беше откриен претходно годинава директно му е припишан на Пекинг.

САД, НАТО, Европската унија, Велика Британија, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Канада заедно ги изнесоа обвинувањата против Кина.

„САД и земји ширум светото сметаат дека Народна Република Кина е одговрна за примерот на неодговорност, нарушувачкото и дестабилизирачко однесува во кибернетичкиот простор, што претставува голема закана за нашата економска и национална безбедност“, порача во писмената изјава американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот.

Истовремено американското министерство за правосудство обајви дека четири кинески државјани: тројца безбедносни функционери и еден изнајмен хакер, се овинети за глобална хакерска кампања насочена против неколку компании, универзитетот и владини агеции во САД и во други земји.

Станува збор за активности во периодот од 2011 до 108 одина, чиј фокус биле информации коишто би можеле значително да им бидат од полза на кинеските компании и фирми, се наведува уште во соопштението.

Отворањето нов фронт во војната против хакерите во којашто САД се насочуваат на Русија и Кина како воопшто проценети како најголеми непријатело, доаѓа еден месец откако лидерите на земјите од групата Г7 и НАТП се усогласија со американскиот претседател Џо Бајден на самитите во Корнвол и во Брисел дека Кина претставува „системски предизвик за постојниот светски поредок“.

Владите формално го припишаа масовното пробивање на софтверот за сервери за електронска поша „Microsoft Exchange“, за кои беше објавено во март, на „кибернетски актери“ поврзани со кинеското министерство за државна безбедност, додава во понеделникот Блинкен.

Кинеската амбасада во Вашингтон не била веднаш достапна за одговор, објави Reuters. Претходно кинеските финкционери изјавија дека Пекинг, исто така, е жртва на хакирања и оти се спротиставува на секоја форма на кибернетските напади.

Американските функционери изјавија дека димензиите на хакирањето кои го припишуваат на Кина ги изненадило, како и кинеското користење на „изнајмените хакери криминалци“.

„Министерството за државна безбедност на Народна Република Кина ги поттикна екосистемот на криминалните изнајмени хакери коишто спроведуваат државни активности и се занимаваат со криминал за сопствена финансиска добивка“, изјави Блинкен.

Американските безбедносни и разузнавачки агенции ќе опишат повеќе од 50 техники и процедури кои актерите под патронат на Кина ги користат во нападите врз американските мрежи, рекол неименуван висок функционер од администрацијата на Бајден.

„Кинеските кибернетски играчи кои ги спонзорира државата доследно ги скенираат целените мрежи со висока ранливост во рок од неколку дена од јавната објава на ранливоста“, се наведува во документот на американското советодавно тело за кибернетска безбедност во кој увид имала агенцијата Reuters.

Претходните месеци САД наголемо се насочија кон Русија, обвинувајќи руски хакери за повеќе напади на американски цели.