САД и сојузниците ветија тешко вооружување за Украина, ги отфрлаат ризиците од нуклеарна војна

САД и нивните сојузници ветија во вторникот на средбата на состанокот во американската воздухопловна база Рамштајн на западот на Германија нови испораки на тешко вооружување за Украина, што се толкува како знак дека руските трупи напредуваат на теренот и покрај спротивните тврдења на Западот и Киев, и го отфрлија предупредувањето на Русија дека нивната поддршка на киевскиот режим може да доведе до третата светска или нуклеарна војна.

Американските функционери на почетокот од седмицата зборуваа дека мора да ѝ се помогне на Украина „да победи за да ги ослаби способностите на Русија да ги загрози соседните земји“, што претставува отстапување од претходниот наратив за помош на Киев „да се одбрани“.

Минатата седмица САД одобрија нови пратки оружја во износ од повеќе стотици милиони долари, вклучително и артилерија и беспилотни летала „камиказе“, кои не беа испраќани во претходните фази од војната. Вашингтон сега врши притисок сега тоа да го сторат и неговите сојузници, што укажува на тоа дека украинските артилериски, ракетни и воздухопловни сили се силно десеткувани, како што во своите дневни извештаи наведува руското министерство за одбрана.

„Државите ширум светот се обединети во решеноста да ја поддржат Украина во нејзината борба притив руската империјалистичка агресика. Украина очигледно верува дека може да победи, па така и сите тука присутни. Денешниот состанок ќе стане контактна група за одбана на Украина којашто ќе се среќава секој месец“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остина пред претставниците на 40-ина земји во командата на американскит воздушни сили во Европа.

„Сакаме да ја видиме Русја ослабена до степен да не може да прави работи кои ги сторила во инвазијата на Украина“, рече Остин кој во неделата тајно допатува во Киев заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Марк Мили, началник на Здружениот штаб на американската армија, изјавил за новинарите додека летал на состанокот во Рамштајн дека следните неколку седмици во Украина ќе биде „многу многу критично“.

„Потребна им е постојана поддршка за да бидат успешни на бојното поле. И тоа е всушност целта на оваа конференција“, рекол Мили додавајќи дека целта на состанокот е и координацијата на воената помош за Украина вклучително и тешкото офанзивно вооружување, како што се хаубици.

 

Германскиот пресврт

Германија, како и на крајот на 1990-те години кога на власт повторно беа социјалдемократите и зелените, сега повторно драстично ја промени својата децениска практика да не испорачува оружје во зоните на конфликти, во вторнико објави дека ќе испрати лесни тенкови од моделот „Gepard“ со противвоздушни топови во Украина.

„Вистонското значење на оваа одлука не е во разликата којашто ‘Gepard’-ите можат да ја направат на теренот, туку во сигналот кој се испраќа“, вели Марсел Дирусс од Институтот за безбедносни политики на Универзитетот Кил.

Германија, којашто е најголем потрошувач на руски енергенси во Европа поради што нејзините економски експерти ја предупредуваат на можен колапс од брзото откажување од руската енергија, исто така, порача дека се надева оти во рок од неколку дена ќе ја елиминира руската нафта од своите резерви, но не и гасот.

Западот не верува во нуклеарна војна

Киев и неговите западни сојузници во вторникот се обидоа да ги минимизираат предупредувањата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека испораките на оружје од земјите на НАТО за Украина значи всушност дека Алијансата е во војна со Русија, и предупреди дека тие испораки затоа ќе бидат легитимни воени цели.

„Тоа оружје ќе биде легитимна цел на руското воено десјтвување во контекстот на специјалната операција“, вели Лавров во разговорот за руската национална телевизија објавено на мрежаната страница на министерството за надворешни работи.

Запрашан за важноста од избегнување Трета светска војна и дали сегашната ситуација може да се спореди со Кубанската ракетна криза од 1962 година, Лавров оцени дека „Рузите сега се позначителни“.

„Русија настојува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во овој момент. Не сакам тие ризици вештачки да се зголемуваат. Многумина би сакале“, изјави Лавров во итнервјуто за руската телевизија.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, ја осуди, како што ја нарече „ескалирачкате реторика на Лавров“.

„Тоа е очигледно бескорисно, не е конструктивно и сигурно не укажува на тоа што одговорна (светска сила) би требало да го права во јавната сфера. Нуклеарната војна не може да се добие и не треба да се води. Нема причини моменталниот судир во Украина воопшто да дојде до тоа ниво“, рече Кирби.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека смета оти „руското ширење на страв е знак на слабост“.

„Русија ја загуби последната надеж дека ќе го одврати светот од поддршката за Украина. Тоа значи дека Москва го претчувствува поразот“, напиша Кулеба на Twitter по емитувањето на интервјуто на Лавров.