САД  и Талибанците преговараат за седумдневно прекинување на насилствата

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер денеска изјави дека САД и Талибанците преговарале за предлогот за седумдневно прекинување на насилствата.

Според извори на западни медиуми, мировниот договор меѓу САД и Талибанците ќе биде потпишан овој месец, ако Талибанците драстично ги намалат своите насилни активности и на крајот би можеле да доведат до повлекување на американската војска од Авганистан.

-САД и Талибанците преговараа за седумдневно намалување на насилствата, изјави Еспер на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

– Се консултирав со сојузниците денеска за овој предлог и имавме серија продуктивни билатерални и заеднички состаноци на патот кон остварување на тој потег, додаде тој.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во вторникот изјави дека американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео му истакнал дека е постигнат „значителен напредок“ во преговорите за Вашингтон и Талибанците.

Тие преговори беа делумно запрени со барањето на САД, Талибанците да го прекинат насилството како предуслов за повлекување на САД.

Околу 13.000 американски војници се во Авганистан, како и илјадници персонал на НАТО, осумнаесет години откако коалицијата предводена од САД ја нападна земјата по терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.