САД и талибаните постигнале договор за намалување на насилството

САД постигнале договор со претставниците на радикалното исламистичко движење Талибан за намалување на насилството во Авганистан, што би можело да доведе до повлекување на американските трупи од земјата, соопшти во петокот висок фунцкионер на американската администрација, пренесуваат медиумите.

Според неименуваниот соговорник на американските медиуми изјавата ја дал на маргините од годишната Минхенска безбедносна конференција најавил дека седумдневниот период на деескалацијата допрва треба да започне.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана Марк Еспер, се сретнаа во Минхен со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, чијашто влада во Кабул талибаните не ја признаваат и ја нарекуваат марионетска во интерс на Вашингтон и Западот.

Веста за договор со талибаните е објавен дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „големи изгледи“ за постигнување договор со талибаниет за намалување на американските единици во Авгнистан. За Трамп, кој повеќепати изјавуваше дека ќе ги запре „бескрајните војни“, ова би претставувал важен адут во обидот да го добие вториот мандат во ноември годинава.