САД и Велика Британија бараат сојузници за соочувањето со Кина и Русија

Групата седум најразвиени земји Г7, планира да привлече нови сојузници за соочувањето со предизвиците коишто ги препознава во Кина и Русија, се согласија во понеделникот шефовите на дипломатиите на САД и на Велика Британија, Ентони Блинкен и Доминик Рааб.

Пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г7, кој првпат од 2019 година ќе се одржи со физичко присуство на едно место, американскиот државен секретар Ентони Блинкен испрати порака за поддршка за мултилатерализот, откако во мандатот на Доналд Трамп американските сојузници беа шокирани, збунети и преплашени поради неговото одбивање САД и натаму да плаќаат скапо за нивната безбедност.

Формирана во 1975 година како групација на најразвните земји на Западот на кој се дискутираше за кризи како нафтеното ембарго на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), групата Г7 оваа седмица дискутира за односите со Кина и Русија, како и за справувањето со пандемијата на коронавирусот и климатските промени.

На спектакуларниот економски и научен подем на Кина во изминатите 40 години се гледа како на еден од најзначакните геополитички настани во последниот период, со падот на Советскиот сојуз во 1991 година со што беше ставен крај на идеолошката Студена војна. Но потоа, особено последната деценија по консолидацијата на Русија и нараснувањето на воената моќ на Кина, Западот повторни препознава во нив „закана за западните вредности и демократијата“

„Нашата намера не е да е обидеме да ја зауздиме или забавиме Кина“, изјави Блинкен на прес-конференцијата во Лондон заедно со британскиот колега и домаќин Рааб.

Додаде дека Западот „ќе го брани меѓународниот поредок воспоставен со меѓународните правила од субверзивните настојувања на која и да е земја, вклучително и Кина“.

Рааб, чијашто земја дефинитивно годинава ја напушти Европската унија, зборуваше за градењето сојузи а не за нивно раскинување.

„Гледам зголемено барање и потреба од брзи сојузи на сличните земји кои делат исти вредности и сакаат да го заштитат мултиралералниот систем. Гледаме свртување кон тој тип сојузи на случните земји кои се доволно агилни меѓусебно да соработуваат“, рече Раб.

Изјавата на шефот на британската дипломатија се однесува всушност на тоа што долгорочно САД и нивните сојузници во Европа се загружени за тоа како Западот би требало да се однесува кон Кина и Русија.

Блинкен притоа рече дела САД преферираат постабилни односи со Русија, но дека тоа ќе зависи од тоа како рускиот претседател Владимир Путин ќе реши да дејствува, особено по прашањетo на Украина којашто тој ќе ја посети подоцна оваа седмица.

„Одново ја потврдивме својата цврста поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, рече Блинкен потврдувајќи го главниот момент на притисок преку кој Западот кон Москва.