САД и Велика Британија воведиа санкции за осуммина Бугари

Владислав Горанов, еден од најблиските луѓе на Бојко Борисов, поранешниот премиер на Бугарија и претседател на партијата ГЕРБ, е ново име на листата санкционирани од САД според глобалниот закон „Магнитски“, чија цел е борбата против корупцијата.

На Горанов, кој е поранешен двократен министер за финансии на Бугарија, друштво му прават и тројца членови на Бугарската социјалистичка партија (БСП, коишто долго време имале клучни улоги во енергетиката: пораншниот министер за енергетика Румен Овчаров и уште двајца поранешни први луѓе на атомската централа „Козлодуј“ – Иван Генов и Александар Николов, известува бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg.

Петтиот додаден на списокот на чинители на корупција е Николај Малинов, водач на движењето „Русофили“ и обвине за шпионажа во полза на рускиот фактор.

Посебно значајно е што овој пат санкциите се координирани со Велика Британија, којашто санкционира тројца од првите Бугари внесени на списокот „Магнитски“ – Делјан Пеевски, бизнисмен и формално поранешен медиумски магнат, потоа уште еден негов близок – Илко Желјазков и избеганиот обвинет голем бизнисмен Васил Божков, веројатно најбогатиот Бугарин, кој е обвинет за неколку корупциски скандали во текот на владеењето на ГЕРБ, „тешки“ повеќе стотици милиони евра.

Во соопштението на британското министерство за надворешни работи тројцата се опишани како „поранешен пратеник“, поранеше припадник на националната безбедност и „најбогатиот човек во Бугарија“.

Тројцата се под санкциите од двете земји поради злоупотреба на власта и пренасочување на државни финансии во своите џебови.

Исто како и во САД, на лицата на списокот „Магнитски“ им се забранува патување во Велика Британија и им се замрзнуваат сите ликвидни пари, согласно со глобалниот антикорупциски режим на санкции.

Од воведувањето на законот „Магнитски“ во април 2021 година, Велика Британија досега санкционирала вкупно 35 физички и правни лица.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, порача дека новопоставените санкции имаат за цел да ја поддржат Бугарија за таа да спроведе критично-важни реформи во областа на владеењето на правото.

Неговата позиција е дека наведените личности се вмешани во корупција што довела до незаконско лично збогатување, подривање на демократските институции на државата и засилување на погубната зависност од руските енергетски извори, пренесува mediapool.bg.

„Корупцијата сврзана со посочените лица говори за системски модел за лично збогатување на штета на бугарскиот народ, владата и дмеократските институции. САД и Обединетото Кралство стојат цврсто со оние луѓе во Бугарија коишто се стремат да се справат со корупцијата и да го закрепат владеењето на правото“, нагласи Блинкен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.