САД им издадоа визи на Рохани и Зариф

34

САД им издадоа визи на иранскиот претседател и на министерот за надворешни работи, Хасан Рохани и Мохамад Џавад Зариф.

Како што соопшти Мисијата на Иран во Обединети нации, Рохани и Зариф ќе присуствуваат на годишната седница на Генералното собрание на ОН.

Зариф денеска изјави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео се обидува „да го пролонгира издавањето визи“ за иранската делегација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.