САД им се заканува на шиитските проирански групи по гинењето на Американците во Ирак

(Photo by AFP)

Вашингтон во четвртокот им се закани на шиитските проирански милиции по загинувањето на двајцата американски војници во ракетирањето на база на меѓународната коалиција предводена од САД во Ирак.

„Сите опции се можни и соработуваме со партнерите за да ги казниме виновниците“, изјави во четвртокот американскиот министер за одбрана Марк Еспер, обвинувајќи ги за нападот во средата вечерта „вооружените шиитски групации блиски на Иран“ кои не ги именуваше.

Еспер додаде дека во средата ноќта за можниот одговор на нападот разговара со американскиот претседател Доналд Трамп кој му дал „одврзани раце да го направи она што мора“.

Началникот на американскиот Здружен генералштаб, генералот Марк Мили изјави дека во средата рано вечерта трисетина ракети биле истрелени врз големата воена база Таџи во предградието на ирачката престолнина Багдад, а 18 ја погодиле базата.

Двајца американски и еден британски војник загинаа во нападот, а раните се уште 14 американски, британски, полски и војници од други земји, меѓу кои пет се во тешка состојба, додаде Мили.

За нападот врз базата во Ирак, како и за уште 21 напад вез американските интереси во Ирак од крајот на ланскиот октомври никој не ја презема одговорноста.

Неколку часа по ракетирањето на ирачката база „десетина експлозии“ го потресле регионот јужно од сирискиот град Букамал, крај ирачката граница, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) од своето седиште во Лондон. Според SOHR, во нападот „загинале најмалку 26 ирачки борци“ на Ал-Хашд ал-Шааби.

Станува збор за ирачка шитиска милиција блиска на Иран, која е интегрирана во ирачката армија и го понесе најголемиот товар во директните копнени операции против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава пред две ипол години.

Базата Таџи, лоцирана во провинцијата Салах ал-Дин повеќепати беше ракетирана од почекот на годинава, како одговор на воздушниот напад на американските сили од 29-ти октомври минатата година врз кампот на шиитската групација Ал-Хашд ал-Шааби во градот Ал Каим во близина на границата со Сирија. Тогаш беа убиени 27 шитиски борци.Заменик-командантот на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал-М ухандис, беше убиен во американски воздушен напад на 3-ти јануари на аеродромот во Багдад чија главна цел беше иранскиот воен командант Касем Сулејмани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.