САД им се закануваат со санкции на сите кои ќе набавуваат иранска нафта

САД ќе им наметнат санкции на сите кои ќе се снабдуваат со иранска нафта или ќе соработуваат со иранската Револуционерна гарда, предупреди во американската функционерка Сигал Манделкер.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Иран и ги повторувам зборовите на претседателот Доналд Трамп дека нема да има никакви изземања за иранската нафта“, рече Сигал Манделке, државна секретарка задолжена за тероризма и финансиско разузнавање во американското министерство за финансии. Додаде дека продажбата на иранскатата нафта „сериозно потонала“ поради американскиот притисок.

Иранскиот извоз на сирова нафта, според процените на аналитичарите, е намален за повеќе од 80 отсто поради новите американски санкции против Иран, наметнати откако Вашингтон во мај 2018 година се повлече од нуклеарниот договор кој Техеран го потпиша со шесте светски сили во 2015 годуина. САД ги наметнаа повторно санкциите за да го ограничи иранскиот извоз на нафта и да ги ослабе сите финансиски текови на Иран за да го принуди да ги прифати уште построгите нуклеарни активности, да ја спречи иранската балистичка програма и да го намали неговото влијание на Блискиот исток.

Иран како одговор на американските санкции од мај годинава започна со суспендирање на дел од своите обврски кои произлегуваат од нуклеарниор договор, вклучително и ограничувањето на нивото на збогатување на ураниум, што предизвикува вознемиреност кај американските сојузници, во прв ред во Европа. Франција предложи да му се понуди на Иран околу 15 милијарди американски долари кредитни линии до крајот на годината, доколку Техеран остане целосно во рамките на нуклеарниор договор. Иранската страна, пак, порача дека е подготвена да го сочува договорот, доколку му се дозволи извоз на нафта што е главен извор на неговите финансии.

Два ирански функционери и еден дипломат изјавија за Reuters на 25-ти август дека Иран сака дневно да извезува минимално 700.000 барели нафта, а идеално би било 1,5 милиони барели дневно во замена за преговори со Западот за спасување на нуклеарниот договор.

Претходно во неделата портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Абас Мусави, за државната новинска агенција IRNA изјави дека иранскиот танкер „ Adrian Darya 1“ кој беше во центарот на спорот меѓу Техеран и западните сили, го испорачал својот товар откако пристанал на средоземениот брег.

Супертанкерот „ Adrian Darya 1“, кои претходно се викаше „Grace 1“, и минатата седмица ги прекина комуникациите во близија на брегот на Сирија, бил фотографиран наводно од американски сателит кај сириското пристаниште Тартус, во кое се наоѓа и руска поморска база. Танкерот под името „Grace 1“ беше задржан од британските власти во нивната средоземноморска енклава Гибралтар, поради можно кршење на санкциите на ЕУ против Сирија, но беше ослободен по речиси месец и половина, откако Иран возврати со блокирање британски танкер во Персискиот залив и вети дека 2,1 милиони барели нафта нема да ги истовари во Сирија. Кон крајот на август Техеран објави дека ја продал нафтата на танкерот „Adrian Darya 1“ и дека купувачот ќе ја одреди дестинацијата на товарот