САД има дoкaзи за кopyпција, но никој досега не ги побарал – уште една порака до власта

– Претседателот Бајден само што ја прошири можноста за санкционирање на лица кои го загрозуваат стратешкиот интерес на САД, и тоа сега неодамна го направи во Бугарија. Воведовме сериозни санкции во Бугарија. САД може лесно да ги сподели информациите и доказите со Европската Унија, дури и ако ЕУ не може да воведува индивидуални санкции, можат индивидуалните држави да побараат докази. Придружете се на САД во борбата против корупцијата, рече професорот Едвард Џозеф на денешната панел дискусија во рамки на Форумот кој ја одбележува годишнината од Преспанскиот договор, пренесува Инфомакс.мк.

Ова е втор Американец кој од овој форум испраќа слична порака до Македонските власти, јасно упатувајќи на потребата од борба против корупцијата во регионот, но и во Македонија.

Претходно, заменик помошникот државен секретар задолжен за Западен Балкан Метју Палмер истакна дека лидерите кои крадат ја уништуваат правдата за своите граѓани.

– Кога политичките лидери крадат од граѓаните, нивната земја го крши владеењето на правото, го забавува економскиот раст, ја зголемува нееднаквоста и го губи пристапот до услугите, изјави Палмер на панел дискусијата посветена на Економијата и бизнис соработката.

Корупцијата и организираниот криминал во власта беше и „лајт“ мотивот на извршната уредба на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој претходниот месец најави дека САД ќе воведе црни листи за лица кои ги загрозуваат стратешките интереси на САД преку уривање на системот на владеење на право во земјите партнери на САД.